Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тунтев: Не учествуваме во бесмислена расправа за смената на Зврлевски

0
By Нова ТВ on August 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 12, 2017 14:24

Пратениците од СДСМ нема да учестуваат во ваква бесмислена расправа и покрај тоа што имаме многу да зборуваме за Марко Зврлевски, за стотиците кои неосновано завршија во затвор и за не порекнувањето обвиненија, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

– На оваа седница се зборува за се освен за точката на дневен ред. Си го трошиме времето, а и парите на граѓаните, рече Тунтев.

Координаторот на СДСМ обраќајќи се кон пратениците од опозицијата рече дека време е да се тргне кон реформите кои ги очекува Европската Унија и граѓаните на Република Македонија.

Сите пратеници од СДСМ кои беа пријавени за збор не се присутни во Собраниската сала.

Пратениците од опозицијата остануваат на своите ставови дека во моментов е поважно да се разговара за пожарите, мигрантите и Законот за јазици наместо, за како што велат, незаконското разрешување на Марко Зврлевски кое според нив е спротивно на членот 8а од Изборниот законик.

Тие ги нападнаа медиумите и невладините организации дека одработуваат за власта со критики до опозицијата дека го блокира разрешувањето на јавниот обвинител, наместо да известуваат за „важните прашања“.

– Деновиве имаме оркестрирани напади од одредени портали на кои ударните наслови им се дека ВМРО-ДПМНЕ не дозволува и го блокира разрешувањето на Марко Зврлевски, а молчат за важните прашања. Марко Зврлевски ќе биде разрешен, но по 16 октомври, членот 8-а од Изборниот законик е јасен, рече пратеникот Никола Мицевски.

И на денешното продолжение на седницата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно си реплицираат и контрареплицираат.  Пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ ги повика пратениците од владејачката СДСМ да се вклучат во дискусијата и да ги кажат своите аргументи за разрешување на Зврлевски.

Марко Зврлевски СДСМ Собрание Томислав Тунтев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.