Крис Фрум е пред четврта севкупна победа на Тур де Франс во кариерата. Британецот беше недопирлив за конкурентите за тронот на денешниот хронометар во Марсеј во должина од 22,5 километар и остана на 54 секунди предност во однос на Ригоберто Уран во генералниот пласман пред утрешната последна етапа на 104. издание на престижната велосипедска трка.

Победата во 20. етапа ја однесе Мачеј Боднар. Полјакот триумфира со време 28,15 минути пред сонародникот Михал Квјатковски кој влезе во целта со една секунда задоцнување. Третото место го освои Фрум за одбивање на нападите на Колумбиецот Уран и Французинот Роман Барде за евентуално преземање на врвот во секвупниот редослед.

Утре се вози последната етапа на Тур де Франс што традиционално финишира на Елисејските полиња и ќе биде големо изненадување доколку Фрум ја загуби предноста од, речиси, една минута пред Уран. Со потврда на првото место, Британецот ќе се доближи на само еден триумф до Мигел Индураин, Бернар Ино, Еди Меркс и Жак Анкетил кои по пет пати беа промовирани во победници на велосипедската трка околу Франција.

Резултати од 20. етапа на Тур де Франс 2017

Мачеј Боднар (Полска) 28:15 минути

Михал Квјатковски (Полска) +1 сек.

Крис Фрум (В. Британија) +6 сек.

Тони Мартин (Германија) +14 сек.

Дарел Импи (Јужна Африка) +20 сек.

Алберто Контадор (Шпанија) +21 сек.

Ники Арнд (Германија) +28 сек.

Ригоберто Уран (Колумбија) +31 сек.

Штефан Кунг (Швајцарија) +34 сек.

Силвијан Шаванел (Франција) +37 сек., итн.

Генерален пласман на Тур де Франс 2017 на етапа до крајот

Крис Фрум (В. Британија) 83:55,16 часа

Ригоберто Уран (Колумбија) +54 сек.

Роман Барде (Франција) +2,20 мин.

Микел Ланда (Шпанија) +2,21 мин.

Фабио Ару (Италија) +3,05 мин.

Даниел Мартин (Р. Ирска) +4,42 мин.

Сајмон Јејтс (В. Британија) +6,14 мин.

Луис Ментјес (Ј. Африка) +8,20 мин.

Алберто Контадор (Шпанија) +8,49 мин.

Варен Баргиј (Франција) +9,25 мин.м итн.