Италијанецот Фабио Ару триумфира во првата планинска етапа, впупно петта, на годинашното издание на Тур де Франс. Делницата од Вител до Ле Планш во должина од 160,5 километри, тој ја мина за 3:44,06 часа и со одлучно возење во финишот ги остави зад себе Даниел Мартин (+12 секунди), Крис Фрум (+20 секунди). Целната линија, во рамки на 40 секунди заостанување од победникот, ја минаа уште седум други велосипедисти.

Исходот во петтата етапа донесе промени во генералниот пласман. Досега водечкиот Џерант Томас во Ле Планш пристигна како десетти, па жолтата маичка ја презеде Крис Фрум со вкупно време од 18:38,59 часа. Томас е сега втор со минус од 12 секунди, Ару се проби до третото место (+14 секунди) по првата победа во кариерата на најпрестижната светска велосипедска трка.

Утре се вози шестата етапа од Весул до Троа во должина од 216 километри.