Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турски убавици и гордоста на Финска, на Израел и на Романија (Видео)

0
By Нова ТВ on August 23, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Континентот одбројува до 40. издание на Европското кошаркарско првенство за мажи. Отворањето е на 31 август, мечевите за распределба на медалите се закажани на 17 септември. Домаќини, како што беше случај и за претходниот турнир во 2015 година, ќе бидат четири држави. Честа за организација на завршниот викенд ја доби Турција, мечеви од групната фаза ќе се играат уште во Финска (Хелсинки), Израел (Тел Авив) и Романија (Клуж) за што во функција ќе бидат ставен вкупно пет сали. Во улога на бранител на титулата е Шпанија чиј состав, под водство на селекторот Серџо Скариоло, и овојпат изгледа застрашувачки и со шесте НБА играчи е прв фаворит за титулата.

„Синан Ердем Дом“ – Истанбул

Во неа се планирани двата полуфинални дуела, мечот за трето место и големото финале. Пуштена е во употреба на 23 април во 201о година, за потребите на ЕП 2017 е реконструирана во оваа година. Трошоците за нејзина изградба во 2003 година беа проектирани на 22 милиона евра што со реновирањата достигнаа 51,6 милиони долари. Од почеток (2010 година) е домашен терен на турскиот национален тим, во минатото ја користеа уште Анадолу Ефес (2010-2012 година), Фенербахче (2010-2012 година) и Бешикташ (2015-2016 година). Именувана е по претседателот на олимпискиот комитет на Турција кој ја извршуваше фунцијата од 1989 година до 2003 година и се наоѓа во европскиот дел на Истанбул.

„Синан Ердем Дом“ во Истанбул/фото: colosseoeas.com

„Синан Ердем Дом“ е мултифункционален објект, трет по големина во Европа, чиј капацитет варира во зависност од настанот. За концерти може да прими 22,500 гледачи, за кошаркарски натпревари – 16,000 гледачи, за тениски мечеви – 16,457 гледачи. Од 2011 година до 2013 година во неа се одржуваа завршните тениски Мастерси во сезоната во женска конкуренција, во 2012 година и оваа година беше промовирани новите освојувачи на Евролигата, а во 2012 година се одржа и Светското пливачко првенство во 25 метарски базени.

„Улкер Спорт Арена“ – Истанбул

Фенербахче во неа ги игра своите натпревари како домаќин во турскиот шампионат и во Евролигата. Се наоѓа во областа Аташехир во Истанбул. Чини 93,19 милиони долари и сопственост е на актуелниот европски кошаркарски шампион чиј член од 2015 година е Перо Антиќ. Има капацитет од 15,000 гледачи за концерти и 13,059 гледачи за кошаркарски натпревари. „Улкер Спорт Арена“, исто така, е мултифункционален спортски објект во кој се одржуваат и натпревари во одбојка, борење, кревање товар, а се организираат и конгреси. Се простира на површина од 55.000 квадратни метри и во нејзиниот амбиент совршено се вклопува џиновскиот семафор на врвот со големина од 250 квадратни метри. .

Прв гостин во неа беше тимот на Емпорио Армани на 25 февруари во 2012 година во топ 16 фаза во Евролигата, подоцна и неколку НБА екипи во рамки на нивните европски турнеи како Оклахома, Бостон и Сан Антонио. Со свои перформанси се претставиле и светски познати лица надвор од спортот како Леонард Коен во 2012 година, Џенифер Лопез, Деми Ловато, а беше една од станиците и на постхумната светска турнеја во чест на Мајкл Џексон. На претстојното ЕП во кошарка ќе ги нагости селекциите во групата Д (В. Британија, Русија, Србија, Летонија, Турција, Белгија).

„Хартвал арена“ – Хелсинки

Изградена е во 1997 година за потребите на Светското првенство во хокеј на мраз, реновирана во 2015 година. Го носи името на најголемиот фински произведувач на безалкохолни пијалоци и пиво и се наоѓа на 3,5 километри северно од центарот на Хелсинки. Максималниот капацитет за хокеарски мечеви е 13,349 гледачи, за концерти е меѓу 12,000 и 15,000 гледачи, а се користи и како амфитеатар за 3,000 до 5,000 публика.

Хокеарите на Џокерит ги играат своите натпревари како домаќини во „Хартвал арена“. Домаќин беше и на Светско првенство во уметничко лизгање, а свои настапи во минатото имаа мноштво светски музички звезди и групи како „Аеросмит“ (1997 година), „Спајс Грлс“ и „Депеш Мод“ (1998 година), Аланис Морисет, „Бекстрит Бојс“, Витни Хјустон и Шер (1999 година), Боб Дилан и Бон Џоуви (2000 година), Елтон Џон и „Зи-Зи Топ“ во 2002 година, „Ајрон Мејден“, Дејвид Боуви и Роби Вилијамс (2003 година), Лаура Паузини (2005 година), „Ганс Ен Роузис“ (2006 година), Шакира и Гвен Стефани (2007 година), Ријана, Селин Дион и Кајли Миног (2008 година), Тина Тарнер, „Металика“, Бритни Спирс, „Пинк“, Клиф Ричардс (2009 година), Лејди Гага (2010 година), Енрике Иглезијас, Принс, „Дип Парпл“ (2011 година), „Слеш“ (2013 година), Џастин Тимберлејк (2014 година), Мараја Кери и „Ред Хот Чили Пејперс“ (2016 година), Стинг (2017 година), итн.

„Менора Мивтахим Арена“ – Тел Авив

Изградена е во 1963 година со натпреварот меѓу кошаркарските репрезентации на Израел и на тогашна Југославија. Оттогаш претрпе три реновирања и истовремено проширувања (1972 година, 2005 година и 2008 година). Од 2003 до 2014 година го носеше името „Нокија арена“ и во неа игра израелската гордост Макаби.

Има капацитет од 10,383 гледачи за кошаркарски натпревари. Беше домаќин на европскиот Ол-стар спектакл во 1997 година, на финалето во европскиот Куп на шампиони во 1972 година и на Фајналфор викендите во кошаркарската Евролига во 1994 година и во 2004 година. „Скорпионс“, Пол Енка, Род Стјуарт, Оејзис, Синди Лопер, Алиша Кис, Хулио и Енрике Иглезијас се само дел од музичките артисти и групи со концерти во неа.

„Поливалента арена“ – Клуж

Ова е најмалата сала од петте во кои ќе се играат мечеви на ЕП во кошарка, но воедно е најнова. Градежните работи на неа завршија во 2014 година за што беа потрошени 16,5 милиони евра. За ракометни натпревари собира 7,308 гледачи меѓутоа капацитет сега е проширен на 10,000. Освен кошарка и ракомет, во „Поливалента“ се одржуваат и кикбокс мечеви и ММА борби.

ЕП 2017 Истанбул Клуж кошарка Сали Тел Авив Хелсинки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.