Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турскиот државен Совет поништи одлука од 1934 година: Света Софија пак биде џамија

0
By Нова ТВ on July 10, 2020 ВЕСТИ
Фото: trtworld.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 10, 2020 17:31

Турскиот државен совет (висок административен суд) ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември во 1934 година со која црквата „Света Софија“ стана музеј, јави турската новинска агенција „Анадолија“ со што се трасира патот за нејзина пренамена во џамија. Според неофицијални извори, првата молитва најверојатно ќе се одржи на 15 јули, денот на кој во 2016 година беше осуетен обидот за државен удар.

„Света Софија“ беше најголемата христијанска црква, изградена во шестиот век од Византијците, а во џамија беше претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.

Пред минатогодишните избори, претседателот Реџеп Таип Ердоган ја најави можноста „Света Софија“ да се пренамени во џамија. Религиозните фанатици веќе долго време бараа ова Светско културно наследство на УНЕСКО повторно да се претвори во џамија, додека противниците на таквата идеја оценуваат дека актуелниот музејски статус е симбол на секуларниот Устав на Турција.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу претходно изјави дека статусот на „Света Софија“ е прашање на националниот суверенитет.

Турските планови за „Света Софија“ не наидоа на одобрување од САД, од Русија, од Грција и од црковните власти. Вселенскиот партијарх Вартоломеј, духовен лидер на околу 300 милиони православни христијани, чие седиште е во Истанбул, изјави дека пренамената на „Света Софија“ во џамија ќе ги разочара христијаните и ќе предизвика раздор меѓу истокот и западот.

„Света Софија“ одлука Пренамена Турција црква џамија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.