Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција референдум: Нерегуларностите можеле да го променат резултатот

0
By Нова ТВ on April 18, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Алев Корун, австриски член на набљудувачката мисија на Советот на Европа, за радио ОРФ изјави дека постои сомневање дека на референдумот во Турција имало манипулација со 2,5 милиони гласачки ливчиња.

-Нерегуларностите можеле да го променат резултатот на турскиот референдум од неделата. Тука се работи за фактот дека законот исклучиво дозволува официјални коверти за гласање. Но највисоките авторитети одлучија, иако е противзаконски, да ги примат и ковертите без официјален печат, изјави Корун.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера ги отфрли критиките на меѓународните набљудувачи истанувајќи дека гласањето на референдумот било „најдемократско гласање“, какво што досега не се случило во ниту една западноевропска земја.

Обраќајќи им се на приврзаниците во Анкара, Ердоган рече дека Турција ќе ги игнорира сите оценки на меѓународните посматрачи.

На референдумот, врз основа на 99 отсто од преброените гласови 51,3 отсто од гласачите биле за уставни промени, додека 48,3 биле против, соопшти синоќа изборната комисија, истакнувајќи дека официјалните резултати се очекуваат за 11 до 12 дена.

Меѓународните набљудувачи вчера соопштија дека кампањата воочи турскиот референдум за проширување на претседателските овластувања е спроведена во „нефер услови“, и дека самото пребројување на гласовите поминало со доцни процедурални измени со кои се отстранети клучните безбедносни норми.

Турското Министерство за надворешни работи во меѓувреме соопшти дека почетните наоди на меѓународните набљудувачи, кои го надгледувале референдумот, одразуваат пристрасност заснована на предрасуди.

манипулација референдум Совет на Европа Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.