Сопственикот на ноќниот клуб кој за време на прославата за Нова Година беше нападнат во Турција, во својот исказ пред надлежните рекол дека американските разузнавачи го предупредиле пред една недела за можни напади. Амбасадата на САД во Турција, засега вели не издала никакво предупредување.
Синоќешниот напад се случи за време на прославата на Новата Година кога отприлика 600 луѓе биле присутни во клубот.
Ердоган: Терористите сакаат да направат хаос, но ние ќе се бориме
Според извештајот, напаѓачот влегол во клубот Реина облечен како Дедо Мраз. Откога започнал масакарот, некои од посетителите брзо скокнале во водите на Босфорот за да побегнат.
Претседателот на САД, Барак Обама, неколку часа подоцна го осуди нападот и им порача на турските власти дека Американците се отворени да им помогнат во потрагата.
Според Белата Куќа, ова е ужасен терористички напад, прв во новата 2017 година.




