Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган: Терористите сакаат да направат хаос, но ние ќе се бориме

0
By Нова ТВ on January 1, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 1, 2017 13:24

Целта на крвавиот напад на новогодишната ноќ во клубот во Истанбул беше да се „создаде хаос“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Едроган.

„Тие се обидуваат да направат хаос, да се демоларизира нашиот народ и да се дестабилизира земјата со ужанси напади во кои мета се цивили. Ќе ги задржиме главите ладни, ќе бидеме сплотени и никогаш нема да се повлечеме пред таквите валкани игри“, изјави денеска Ердоган во соопштението за јавноста.

Тој додаде дека Турција ќе се бори до крај против сите облици на напади на терористичките групи и нивните приврзаници, откако наоружан напаѓач уби 39 лица во ноќниот клуб Реина во Истанбул.

„Како народ ќе се бориме до крај не само против терористите и силите кои стојат зад нив, туку и против економските, политичките и социјалните напади“, рече Ердоган.

По терористот кој облечен како Дедо Мраз го изведе синоќешниот напад се уште се трага, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

https://www.youtube.com/watch?v=alCc0HXo3t8

За нападот се уште никој не презеде одговорност

Меѓу досега идентификуваните 21 жртва, 16 се странски државјани, а пет Турци. Меѓу ранетите четворица се во сериозна состојба, изјави министерот за здравство.

Напаѓачот со автоматско оружје најпрво ги изрешетал насобраните луѓе пред влезот на клубот и тие што со автомобили поминувале низ улицата во истанбулската населба Ортакој, а потоа влегол во клубот и продолжил да пука на луѓето кои дошле да ја прослават Нова Година. Во тој момент во клубот биле меѓу 500- 600 лица. Некои од нив се спасувале скокајќи во Босфор.

За овој терористички напад се уште никој не ја презеде одговорноста.

Властите во Турција денеска соопштија и дека припадниците на антитерористичките единици во Анкара вчера уапсиле осум терористи на Исламската држава осомничени за планирање на терористички напади во текот на прославата на Нова Година.

https://www.youtube.com/watch?v=41YkWHz4tVk

Меркел и Оланд го осудија нападот

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази денеска сочувство во врска со нападот за време на новогодишната прослава во ноќниот клуб во Истанбул, во кој беа убиени 39 и ранети 70 лица, нагласувајќи дека „терористите извршиле нехуман и извитоперен напад врз луѓе, кои заедно сакале да ја прослават Новата година“.

– Моите мисли денеска се со жртвите, нивните семејства и пријатели – рече Меркел.

Министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер исто така упати сочувство до оние кои ги загубиле своите блиски.

Тој осудувајќи го овој „суров и кукавички напад“ нагласи дека неговата земја „стои до Турција во овие тешки мигови“.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд упати порака со солидарност до народот на Турција по нападот, соопшти Елисејската палата.

– Претседателот на републиката  остро го осудува терористичкиот напад, во кој загинаа најмалку 39 лица за време на новогодишната забава во истанбулската дискотека – се вели во соопштението.

 

Истанбул Реџеп Таип Ердоган терористички напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.