Откако турскиот Парламент ја усвои реформата на Ердоган за Уставот, се отвора патот за референдум за воведување претседателски систем кој би ги проширил ингеренциите на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Од вкупно 550 пратеници, за реформа на Уставот беа 339 пратеници, 142 беа против, 5 ливчиња беа празни, а 2 неважечки.
Референдумот се очекува да биде одржан на пролет до средината на април. Реформата на претседателот ќе му овозможи да остане во врска со својата партија и да го промени највисокото судско тело.
Бројот на пратеници во Собранието ќе се зголеми на 600, минимална старост на пратениците ќе се намали на 18 години и се предвидува да се одржуваат истовремени парламентарни и претседателски избори секои 5 години.