Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туту до Су Кју: Вашето молчење е неприфатливо

0
By Нова ТВ on September 8, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дезмонд Туту остро ја критикуваше Аунг Сан Су Кју и побара од неа да интервенира во кризата во Мјанмар и да го заштити муслиманското малцинство кое е прогонувано од безбедносните сили на оваа земја.

Јужно-африканскиот архиепископ и добитник, во 1991 година, на Нобеловата награда за мир тоа го побара од жената што го води Мјанмар но исто така добитник на оваа престижна награда.

Аунг Сан Су Кју е цел на се повеќе критики што доаѓаат од целиот свет поради тоа што таа одбива да го осуди ова насилство и да го заштити сопственото население.

Во изминатите две недели околу 164.000 лица, припадници на муслиманското малцинство Рохинга, бегаат од насилствата на безбедносните сили на Мјанмар и одат во Бангладеш.

“Сега сум стар, немоќен и официјално во пензија но мојата огромна тага поради очајната ситуација на овие луѓе ме натера да излезам од ветениот молк”, и напиша Туту на Аунг Сан Су Кју.

Потоа тој додава:

“Ако политичката цена за вашето политичко напредување во Мјанмар е вашето молчење, тогаш таа цена е превисока (…). За еден симбол на правдата како што сте вие, не е достојно на овој начин да ја водите земјата. Во нашите молитви посакуваме уште еднаш да покажете храброст. Во нашите молитви посакуваме да зборувате во името на правдата и човековите права. Во нашите молитви посакуваме вие интервенирате во оваа криза што се влошува”, напиша Туту во писмото.

Во една прилика тој изјави дека фотографијата на Аунг Сан Су Кју стои на неговата работна маса.

Дезмонд Туту е борец за човекови и социјални права. Тој е првиот црн архиепископ во Јужна Африка а во 1984 година ја доби Нобеловата награда за мир поради неговиот ангажман во борбата против апратхејдот во Јужна Африка.

Аунг Сан Су Кју e министер за надворешни работи на Мјанман, специјален државен советник и портпарол на претседателството. Нејзината партија победи на последните избори но таа не можеше да стана шеф на државата поради уставни одредби. Но со нејзината денешна позиција таа е всушност е шеф на државата. Мјанмар влезе во демократска транзиција по долги години воена диктатура но владата во која учествува Аунг Сан Су Кју се соочува со армијата што е се уште многу моќна.

Аунг Сан Су Кју е предмет на остри критики низ целиот свет поради нејзината пасивност и одбивањето да признае дека армијата на Мјанмар спроведува етничко чистење на муслиманското малцинство Рохинга. Од сите страни на светот доаѓаат повици да и се одземе Нобеловата награда поради нејзиното молчење во ова насилство.

Аунг Сан Су Кју Дезмонд Туту Мјанмар нобелова награда Рохинга
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.