Основниот суд Скопје 2  за НОВА вели дека добило тужба за мобинг против експретседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски, но таа допрва треба да биде дадена на разгледување.

Тужбата ја поднел Горан Стаменковски, вработен во секторот за човекови ресурси во Кривичниот суд.

Стаменковски, го тужи Панчевски за мобинг, во врска со прераспределувањето на работните места на вработени во судот. Стаменковски смета дека тие прераспределби се правени по лична желба на Панчевски, без запазување на неговите стручни квалификации, а освен тоа парично го казнувал без никаква основа.

Стаменковски против Панчевски поднел и кривична пријава за две кривични дела.

Граѓанскиот суд, прифатената тужба веќе ѝ ја дал на разгледување на судијката Хилда Мешкова, која треба да го закаже почетокот на судскиот процес.