Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТВ Полсат: Силата што се користи против студентите во Србија е под контрола на Русија

0
By Zoran Ivanov on July 11, 2025 СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 11, 2025 11:24

Вучиќ дозволува пропаганда на Кремљ во својата земја во замена за политички бенефиции. Тој може да воспостави која било влада што ја сака без да се плаши дека ќе биде соборена, ја пренесува Полсат проценката на српските аналитичари, додавајќи дека друга придобивка е што Москва има пазар за своите производи во Србија, а Белград може да смета на поповолни цени за увоз од Русија.

Русија активно учествува во задушувањето на студентските и граѓанските протести во Србија, исто како што интервенираше безброј пати за да ја зачува власта во Белград, објави денеска полската приватна телевизија „Полсат„.

-Обидите на српската полиција насилно да ги разбие протестите резултираа со нивно прелевање од Белград во 30 други градови. Протестите беа поврзани само со внатрешната ситуација во земјата сè додека Русија неочекувано не интервенираше. Во писмо вчера, поранешниот вицепремиер Александар Вулин ѝ се заблагодари на Москва за нејзината помош, објави националната телевизиска станица.

Полсат предупредува дека употребата на сила против студентските и граѓанските протести го привлекува вниманието на меѓународните организации за човекови права, кои тврдат дека властите ги кршат основните човекови права и дека српскиот претседател Александар Вучиќ јавно поддржал директна репресија против ненасилните собири.

-Експертите во разговорите со српските медиуми го делат мислењето дека суровата неутрализација на протестите е доказ дека политичарите се беспомошни и нервозни. Сепак, српската влада може да смета на поддршката од Русија. Москва интервенираше неколку пати за да го зачува внатрешниот ред во Србија, ширејќи пропаганда каква што е против украинскиот народ, наведува полската телевизија.

Како пример, Полсат наведува дека, иако студентите и граѓаните на протестите воопшто не ја споменуваат темата за војната во Украина и нивниот протест се однесува исклучиво на ситуацијата во земјата, одеднаш почнаа да се појавуваат транспаренти со антиукраински слогани.

-Вучиќ дозволува пропаганда на Кремљ во својата земја во замена за политички бенефиции. Тој може да воспостави која било влада што ја сака без да се плаши дека ќе биде соборена, ја пренесува Полсат проценката на српските аналитичари, додавајќи дека друга придобивка е што Москва има пазар за своите производи во Србија, а Белград може да смета на поповолни цени за увоз од Русија.

Зборувајќи за настаните во Србија, чешкиот јавен радио сервис „Радиожурнал“ предупреди дека не може да се каже дека Вучиќ и српските власти безрезервно ја поддржуваат Русија на Балканот, туку дека станува збор за маневрирање меѓу сите меѓународни актери, што не е невообичаено на Западниот Балкан, а е инспирирано и од надворешната политика на комунистичката СФРЈ и маршалот Јосип Броз Тито.

-Вучиќ вели дека сака да ја внесе Србија во Европската Унија, но во исто време тврди дека тоа не е реално. Мислам дека апсолутно му одговара ако не се во ЕУ. Би имало повеќе контроли во сивата зона…Тоа сигурно не е нешто што би го сакал. Тој не сака никој да го контролира она што го прави, изјави за Радиожурнал Магдалена Фојтова, новинарка во неделникот „Респект“ која ги следи настаните на Балканот.

Војтова, која известува од протестите во Србија, верува дека не е надворешната политика таа што ги мачи луѓето во Србија, туку дека заедничкиот именител на студентските и граѓанските протести е тоа што долгогодишното владеење на Вучиќ и СНС ја доведе земјата во состојба каде што корупцијата стана апсолутен дел од секојдневниот живот. Тие изјавија дека полицијата е контролирана од политичките елити и дека сите државни и полудржавни компании, како и институциите, се под нивно влијание.

 

 

пчолиција Србија студенти тв полсат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.