Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тврдина 2: Завршни зборови во понеделник, на Грујевски ќе му се суди

0
By Влатко Чаловски on November 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 2, 2017 14:17

Откако беше одбиено барањето на одбраната на првообвинетиот во „Тврдина 2“, екс началникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски да биде одложено судењето поради процесот на екстрадиција, судијката Лидија Петровска го одби и барањето на одбраната за проширување на доказната постапка.

Доказната постапка во случајот Тврдина 2 која денеска заврши, се одвиваше околу час и половина без присуство на јавноста, поради декласифицираните докази добиени од УБК, кои ги побара Специјалното јавно обвинителство.

Со тоа заврши и главната расправа за случајот, а за во понеделик во 9.30 часот се закажани завршните зборови на обвинителите од СЈО и одбраната. Иако обвинителите пред судот изјавија дека тие и денеска се подготвени за тоа, судијката го прифати барањето на одобраната, која рече дека и треба кратка подготвка за „за да биде поубедлива“.

Специјалната обвинителка Ленче Ристоска, по расправата во судот изјави дека тие се комплетно убедени дека судот ќе донесе осудителна пресуда, бидејќи имаат уверливи докази.

Одбраната на Грујевски и понатаму тврди, како што изјави адвокатот Љупчо Шврговски, дека несфатливо е зошто на Грујевски му се суди во отсуство кога се знае каде бил во моментов, односно дека е во притвор во затвор во Солун. Воедно Шврговски рече дека решението на судијката Петровска, ќе биде предмет на жалба бидејќи не дозволила одбраната да побара копии од документацијата која била уништена од БЈБ и УБК.

Судијката денеска го отфрли барањето на адвокатот Грујевски, судењето да се одложи до екстрадицијата и одлучи да му се суди во отсуство.

Во „Тврдина 2“, првобовинет е ексначалникот на Петтата управа, Горан Грујевски, со уште шест службенички во УБК.

Кон средината на октомври, Горан Грујовски и Никола Бошкоски и двајцата обвинети од СЈО кои беа во бегство, уапсени се во Солун.

Тие се бараа со меѓународна потерница, по што беа приведени.

Горан Грујевски завршни зборови судење во отсуство Тврдина 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.