Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсени лица кои палеа српски производи во Приштина

0
By Нова ТВ on November 23, 2018 СВЕТ
Фото: Слободен печат
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Косовската полиција синоќа уапсила неколку граѓани кои во центарот на Приштина, на плоштадот Скендербег палеа српски производи, објави Радио Слободна Европа.

Приштинската телевизија Т7 која директно го пренесуваше настанот пренесе дека меѓу притворените бил и претседателот на навивачите на фудбалскиот клуб Приштина Алберт Кастрати.

И во некои други места на Косово вчера биле палени производи од Србија како реакција на одлуката на косовската влада да ја зголеми таксата за увоз на овие производи од 10 на 100 отсто и да ја забрани продажбата на артикли во кои како земја увозник не е наведено уставното име.

Косовските Срби денеска на пладне ќе организираат мирни едночасовни протести во Косовска Митровица, Грачаница и Штрпце, а на нив ќе биде побарано од меѓународната заедница да ги принуди косовските власти да ја повлечат одлуката.

Претставници на косовските Срби ги известија властите во Белград за планираните собири, нагласувајќи дека не можат немо да ги следат најновите мерки на Приштина.

– Нема да дозволиме децата да немаат основни намирници, изјави градоначалникот на Косовска Митровица Горан Ракиќ, додавајќи дека ситуацијата јужно од Ибар е уште полоша.

Тој истакна дека можно е да има и блокада на патишатата, а протестите ќе се одржат во Здравствениот центар и во Студентскиот центар во Косовска Митровица.

апсења Косово Приштина српски производи царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.