Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Убиен сирискиот новинар кој ја ширеше вистината за војната во Сирија

0
By Нова ТВ on November 25, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 25, 2018 10:39

Сирискиот радио-водител Раед ал Фареш кој преку сатира ги критикуваше и претседател Башар ал Асад и опозициските бунтовници, како и ИСИС, е застрелан во провинцијата Илилиб, која се наоѓаше под контрола на бунтовниците во Сирија, соопшти вчера сириската асоцијација за новинари.

Раед Ал Фареш и уште еден активист и новинар Хамуд Хунаид, се убиени во петокот во градот Кафр Набл од екстремистички групи, објави новинарското здружение.

-И двајцата убиени беа пионери на граѓанското општество и го донесоа слободниот глас до светот преку познатите симболи на Кафр Набл, се вели во соопштението од здружението.

Сириската опсерваторија за човекови права, соопшти дека неидентификуваните вооружени лица го убиле Фареш и Хунаид во Кафр Набл, каде што се наоѓа нивната радиостаница Радио Фреш, финансирана од САД.

Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за убиствата.

Фарес во 2013 година го основа Радио Фреш за да објавува вести за конфликтот во Сирија, посебно во северните провинции. Тој продолжи додека САД не ги ускрати средствата за бунтовниците, вклучувајќи ги и оние за радиото, во јуни.

За него радиото беше начин за влијание во јавноста за идеите за кои се залагал, вклучувајќи ја и социјалната правда и демократијата.

Фареш, кој беше роден во 1972 година, честопати повика на протести, но истакна дека треба да бидат мирни.

Тој беше познат по познати протестни транспаренти на англиски јазик во Идлиб.

Како што напредувашт сириската војна, Фареш тајно сними и објави снимки што ги прикажуваат страдањата на луѓето во Кафр Набл.

Во 2014 година тој бил застрелан во градите од страна на ИСИС и неколку пати бил киднапиран и измачуван.

Во заедничката објава на Фејсбук, Џим Џефри, специјалниот претставник на државниот секретар на САД за  Сирија и Џоел Рајберн, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Сирија, истакнуваат дека двајцата активисти “биле херои”.

-Тие беа патриоти и активисти кои ги посветија своите животи на градење на подобра иднина за Сирија и сирискиот народ. Како симболи на сириската револуција и на најдоброто од младите за Сирија, тие беа меѓу првите револуционери кои својата креативност и вештини ги користеа за да им служат на својот народ и на нацијата, се вели во објавата.

Стејт департментот, исто така, објави изјава во која се вели дека двајцата “никогаш не се поколебале да ја кажат вистината која ги поддржува првичните вредности на револуцијата”.

-Сиријците и светот секогаш ќе се сеќаваат на познатите знаци на Раед во Кафр Навел, а снимките на Хамуд засекогаш ќе служат како сведоштво за злосторствата што сирискиот режим ги изврши против сирискиот народ, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Од почетокот на сириската револуција во 2011 година, стотици илјади Сиријци се убиени, вклучувајќи десетици активисти.

радио Фреш Сирија убиство Фареш
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.