Ким Џонг Нам, полубрат на севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун, почина денеска во Куала Лумпур. Веста ја потврди и малезиската полиција. Нам, според јужнокорејската телевизија „Чосун“ што ја цитира и „Ројтерс“, е убиен со отровни иглички од две агентки на Северна Кореја кои се во бегство.

Агенцијата ги пренесува и сомнежите во Сеул дека зад убиството стои Северна Кореја. Извор од Владата на Малезија порача дека полицијата отвори истрага за што поскоро пронаоѓање на сторителите.

За Ким Џонг Нам, повозрасен полубрат на севернокорејскиот лидер, се знае дека значаен дел од животот го минал надвор од родната земја и јавно говорел против контролата над земјата од неговата фамилија.

Медумите во Кина и во Јужна Кореја, повикувајќи се на анонимни извори, јавија дека Нам бил убиен во понеделник наутро. Од малезиската полиција за „Ројтерс“ изјавија дека смртта настапила на пат од аеродромот во Куала Лумпур до болница.