Во вооружен судир на плажа на северот на Албанија, во Велипојe, се убиени четири лица, а четири ранети, јавуваат медиумите од Албанија.

Некои медиуми објавија дека причина за вооружениот инцидент била поставување на лежалки на плажата помеѓу два хотела, оддалечени 50 метри еден од друг.

Инцидентот се случил по полноќ, а жртвите се на возраст од 20 до 59 години.

За четворицата ранети  се претпоставува дека исто така учествувале во судирот. Овој инцидент предизвикал шок и неверување кај граѓаните пред туристичката сезона, и дека влијаат на имиџот на земјата.