Во вооружена престрелка што се случила синоќа околу 22:30 часот во скопската населба Чаир едно лице е убиено, а едно е тешко повредено, соопшти МВР.
– На улицата „Лазо Трповски“ во скопски Чаир, вчера околу 22:30 имало пукање од огнено оружје. На лице место починал И.А. од село Блаце, а тешко повреден е Љ.Ќ., кој живеел недалеку од местото на инцидентот, потврдуваат од МВР.
Повредениот Љ.Ќ. е пренесен со тешки повреди во болница.
Неофицијално, се работи за престрелка меѓу две групи, а мотивот најверојано бил нерасчистени сметки поврзани со трговија на дрога.