Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, со пороен карактер и проследени со засилен југоисточен ветар, особено во западните делови на земјата каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 литри дожд на квадратен метар.
Максималните температури ќе бидат во интервал од 10 до 16 степени.
Времето во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветар од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Во следните денови ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од дожд со променлив интензитет.