Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Укинат паралелниот увоз, воведени 3 нови типови инсулин-еден е за деца

0
By Нова ТВ on November 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 10, 2018 19:34

Министерството за здравство воведе три типови на инсулин што се дел од најновата генерација од кои еден (Тресибата) е наменет за деца, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, на денешниот форум „Што е потребно за добра контрола на дијабетесот и среќно семејство“.

-Го укинавме паралелниот увоз на инсулин и терапија за дијабетес. Паралелниот увоз не гарантираше квалитет на инсулинот, ниту пак имавме контрола дали терапијата која им е потребна на пациентите во земјава влегува исправна, дали е запазен неопходниот ладен синџир кога се транспортираат овие лекови, рече министерот Филипче.

Министерството како што рече, сега е пред нов предизвик, да обезбеди сензори за континуирано мерење на гликемијата во крвта. Нагласи дека за почеток потребни се околу 500 вакви сензори, за да можат да се покријат месечните потреби на децата, а со нивната набавка ќе им олеснат и на бремените жени кои имаат гестациски дијабетес.

– Како Министерство, но и како општество секако треба многу повеќе да обрнеме внимание на стигматизирањето на децата со дијабет. Сведоци сме дека дел од овие деца имаат пречки да бидат дел од предучилишниот процес во градинките, поради стравот на кадарот. За жал, стигматизирање има и во училиштата се разбира неоправдано. Дијабетесот не е заболување, тоа е состојба, која ние се трудиме да ја олесниме и ги охрабруваме и децата и родителите сосема храбро да чекорат низ животот и со дијабетис, рече министерот Филипче.

Во Македонија има регистрирани 500 дечиња помлади од 14 години кои имаат дијабетес и секојдневно примаат инсулинска терапија. Во моментов во светот има повеќе од 425 милиони лица кои имаат дијабетес, а се предвидува дека до крајот до крајот на 2030 година, бројот на лица со дијабетес ќе изнесува барем двојно повеќе.

Од Министерството за здравство наведуваат дека подолжуваат и натаму да ја подигнуваат јавната свест преку едукација, трибини, да обезбедува најдобри и најсовремени терапии и лекови за пациентите со дијабетес и да соработуваат со граѓанските организации за подобрување на условите и квалитетот на животот на децата со дијабетес.

деца инсулин нови типови форум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.