Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Укинат притворот за Савески и Куновски, судењето продолжува во јули

1
By Нова ТВ on June 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 10, 2016 11:36

Кривичниот суд одлучи да ја укине мерката куќен притовор на демонстрантите Здравко Савески и Владимир Куновски и да им се одредат мерки на претппазливост – одземање на патни исправи и јавување во одреден временски период во судот. Одлуката стапува на сила за три дена, а на ваквиот предлог се согласи и обвинителката Снежана Бундалеска, која побара и мерка за ограничување на движење, со оглед на тоа дека има најава за протести, што беше одбиено.

По завршувањето на денешното рочиште, еден од обвинетите демонстранти и член на партијата „Левица“ – Владимир Куновски истакна дека во првите денови на неговиот притвор во неговиот дом го посетиле полицајци во 17 различни униформи. Тој се заблагодари на владејачката партија за целиот маркетинг кој е направен на партијата „Левица“ со апсењата.

-Да се заблагодарам на раководството на партијата во стечај ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ни направија голем маркетинг и ни помогнаа да стигнеме до каде што сме сега. Би се заблагодарил и на Обвинителството кое даде школски пример што се двојни стандардни, меѓутоа е и разбивач на митови, бидејќи понуди докази во кои се гледа напад на службените лица, поточно на старешини на ЕБР, меѓутоа како што знаете до сега нема покрената ниту една кривична постапка за напад на службено лице. При нашето приведување беа присутни 12 припадици на Алфите и во првите денови на нашето приведување јас изброив до 17 различно униформирани полицајци кои дојдоа на домашна адреса, рече Куновски.

Од судот посочија дека ќе им треба дополнително време за главната расправа до 6 јули, бидејќи ќе треба да се прибави и договорот за закуп на Канцеларијата на Иванов, со цел да може да се докаже дали таа е во државна сопственост или во приватна.

Адвокатите на обвинетите денеска приложија имотен лист од Народната канцеларија со денешен датум, според кој овој простор не е соственост на РМ и според тоа не може државата да бара оштета.

-Дадоме приговор на вештачењето, ато ашто сметаме дека вештачењето е направено од неовластено лице. Не може државнито правобранител самостојно да изготвува вештачење без наредба од обвинител. Друга работа за коај приговараме е сопственоста на тој простор. Согласно имотните листови, сежи, извадени пред два часа, нигде не стои дека сопственик на Кацеларијата на Претседателот е Република Македонија. Епа како сега РМ бара штета, освен за столовите и подвижнит епредмети, туку и за градежните работи кога не се јавува како сопственик?, рече адвокатот Сашко Дуковски.

Денеска пред судот, поддршка на двајцата демонстранти и членови на Левица им дадоа нивните сопартијци и дел од учесниците на Шарената Револуција.

Савески и Куновски се обвинети со учество во толпа која извршила кривично дело демолирање на Канцеларијата на Иванов, а време на антивладините протести на 14. април.

Владимир Куновски Здравко Савески Левица притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.