Правилата на Роаминг важат уште за Грција со тоа што цените се пониски за 50-99%.Цената за потрошени минути, пораки и гигабајти од денеска во целата зона на Западен Балкан се пресметува исто како во националниот сообраќај.
Но, сепак укинувањето на роамингот кога е во прашање преносот на податоци, се однесува на таканаречената умерена потрошувачка , па оттаму препораката е граѓаните пред да појдат на пат сепак да го проверат својот пакет за да нема потоа изненадувања.
Исто и за интернетот, одредена количина ќе се троши без плаќање , но ќе се наплатуваат некои услуги поврзани за преносот на податоци но по цена како во националните сообраќаи.