Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Укината повеќедецениска забрана во Израел: Хомосексуалците ќе може да даруваат крв

0
By Sashko on August 19, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 19, 2021 15:32

Израел соопшти дека го укинува повеќедецениското ограничување за хомосексуалците кои сакаат да даруваат крв. Промената на израелската политика следи откако во јуни Велика Британија им дозволи на хомосексуалците и бисексуалците да донираат крв, по сличниот потег на САД минатата година.

Забраната геј мажи да даруваат крв е остаток од стереотип што припаѓа во минатото. Секој дарител на крв кој сака да спаси животи ќе биде третиран подеднакво, без оглед на полот или сексуалната ориентација, рече министерот за здравство Ницан Хоровиц, кој и самиот е деклариран хомосексуалец.

Од 1 октомври формуларите што мора да се пополнат пред дарување крв ќе се сменат, се вели во соопштението на Министерството за здравство. „Клаузулата со која се забранува крв од маж кој имал сексуален однос со друг маж (дури и постојан партнер), ќе биде укината“, се вели во соопштението.

Наместо тоа, прашалниците ќе вклучуваат нова клаузула со која се забрануваат донации од луѓе кои „имале сексуална врска со висок ризик со нов партнер или повеќе партнери“ во изминатите три месеци.

Во моментот, хомосексуалците можат да даруваат крв ако поминала една година од нивната последна сексуална врска.

Друга опција е да им се замрзне крвната плазма во период од четири месеци за да се осигура дека нема „заразни болести“, потсетуваат од Маген Давид Адом, кој исто така служи како владина организација за крвна служба. ЛГБТК Асоцијацијата за еднаквост во Израел ја пофали одлуката како „историски потег за гордата заедница и израелското општество на патот кон еднаквост“.

Крвта на стотици илјади граѓани не е од втора класа, се вели во соопштението на Асоцијацијата.

Во неодамнешниот извештај на Министерството за здравство се вели дека во 2020 година, во Израел имало 361 ХИВ-позитивни лица, пет проценти помалку од претходната година.

Израел Крводарителство Свет хомосексуалци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.