НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина 364. ден: Нови санкции за Русија од САД и ЕУ; уште еден брутален ден руска агресија; Шпанија и Полска испраќаат воена помош за Украина

0
By Marta Pesevska on February 22, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украина е во 364. ден војна, откако Русија изврши целосна инвазија врз земјата.

 

Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.

Дипломатија

Во Варшава денес Бајден се сретна со лидерите на земјите-членки на НАТО од форматот Б9. Состанокот се случува на крајот од посетата на Бајден на Полска и Украина и ги собира земјите од Б9 форматот, збирка на нации од источниот блок на НАТО алијансата што беше формирана како одговор на анексијата на Крим од страна на рускиот претседател Владимир Путин во 2014 година.

Американскиот претседател Џо Бајден и шефот на НАТО, Јенс Столтенберг пред разговорите со лидерите на Б9 изјавија дека САД ќе ја бранат секоја педа од НАТО.

ЕУ блиску до договор за воведување на 10-от пакет санкции против Русија. Се очекува да се надминат разликите во ставовите во однос на забраната за увоз на гума и дијаманти од Русија, да биде постигнат конечен договор, потврдија дипломати од земјите членки на ЕУ.

„Волстрит журнал“ објави дека САД ќе воведат нови санкции за 200 руски физички лица. Во извештајот се вели дека пакетот се очекува да биде објавен од Министерството за финансии и Стејт департментот оваа недела и ќе бидат насочени кон руските гувернери и членовите на семејствата на руските владини претставници. Ќе вклучи и организации од одбранбената индустрија и поврзани субјекти, технолошки фирми, како и мрежи за затајување санкции.

Гувернерката на Канада Мери Сајмон изјави дека меѓународната заедница треба да вложи максимални напори да ја поддржи Украина во борбата против руската агресија.

Изралскиот премиер Бенџамин Нетанјаху размислува да го посети Кијив. Со оглед на тоа што посетата на министерот за надворешни работи, Ели Коен на Украина минатата недела не предизвика силна реакција од Русија, официјалните лица веруваат дека под тие околности, Нетанјаху може да го посети Кијив без да предизвика возбуда во Москва.

Папата изрази жалење за, како што вели, апсурдната и сурова војна во Украина. Тој повика на прекин на огнот и преговори.

Министерката за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска се сретна со нејзиниот украински колега Олексеј Резников. Петровска упати порака до украинското лидерство и украинскиот народ дека Северна Македонија силно ја осудува руската агресија врз Украина и даде полна поддршка за нејзиниот суверенитет и правото на самоодбрана.

На фронтот

Додека вчера беше ден кога се одржуваа важни говори во Варшава и Москва за војната во Украина – во Кијив, Херсон и Харкив и други градови низ земјата, тоа беше уште еден брутален и потресен ден на војна. Шест лица загинаа или купувајќи на пазар или чекајќи на автобуска постојка во Херсон додека руската армија гаѓаше цивили со повеќекратни ракетни системи.

Наставата во украинските училишта ќе биде онлајн од денеска до 24 февруари поради ризикот од руски ракетни напади во врска со приближувањето на првата годишнина од инвазијата на руските сили во Украина.

Украинските власти веќе идентификуваа 91 руски војник вклучени во злосторствата извршени во Буча, регионот Кијив. Генералниот обвинител Андриј Костин го изјави ова при посетата на Буча заедно со членовите на американскиот Конгрес Мајкл Мекол, Дарел Иса, Кит Селф, Џејк Елзи и Макс Милер. Според Костин, за време на окупацијата, руската армија извршила повеќе од 9.000 воени злосторства во областа Буча, при што убиле повеќе од 1.700 цивили.

По серијата експлозии во привремено заземениот Мариупол, на небото над градот беа забележани руски непријателски авиони. Како што беше објавено претходно, експлозии го потресоа градот Мариупол доцна во вечерните часови на 21 февруари. Утрото на 22 февруари одекна силна експлозија во Мариупол. Експлозии беа регистрирани и во близина на населбата Талакивка од градски тип во градската област Калмиуски. Беа погодени непријателските магацини лоцирани на територијата на пристаништето.

Според набљудувачката мисија на Канцеларијата за човекови права на ОН во Украина, најмалку 8.006 цивили биле убиени, а 13.287 цивили биле повредени во изминатите 12 месеци од целосната агресија на Русија против Украина.

Воена помош

Во рок од две до три недели Полска ќе испрати 14 тенкови „Леопард 2“ во Украина, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Лукаш Јасина. Тој додаде дека Варшава го поддржува испраќањето борбени авиони во Кијив, но дека допрва треба да се бара консензус меѓу земјите од НАТО.

Полскиот претседател Анджеј Дуда, во интервјуто кое вечерва во целост ќе го емитува американската ТВ станица Си-Ен-Ен, предупреди дека на Кијив сега му треба оружје пред се и најави дека можеби Полска ќе испрати авиони.

Претседателот на Литванија Гитанас Науседа најави дека на самитот на Букурешкиот формат( Б9) каде се земјите од источното крило на НАТО, официјален Вилнус ќе побара од НАТО и САД на Украина да го испрати сето оружје што го бара, па и она што моментално е над црвената линија.

Мадрид планира да испрати шест главни борбени тенкови Леопард 2 А4 на украинската армија. Ова денес го изјави пред пратениците, министерката за одбрана на Шпанија, Маргарита Роблес. Според Феликс Артеага, истражувач за безбедност и одбрана во тинк-тенкот Елкано, Шпанија има 108 тенкови 2А4 во служба. Ова е стар стандарден модел за многу европски нации, а украинските танкери можат да поминат стандардна обука за овие возила.

Подготви: А. Ристески

Извор: фронтлајн.мк


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Воена помош Војна во Украина дипломатија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.