Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина и проруските бунтовници разменија заробеници

0
By Нова ТВ on December 28, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украина и проруските сепаратистички бунтовници спроведоа најголема размена на затвореници од почетокот на конфликтот во 2014 година. Стотици заробеници пристигнаа дома кај нивните семејства во пресрет на новогодишните празници и православниот Божиќ.

Украинската влада соопшти дека предала 238 затворени сепаратисти и оти за возврат биле ослободени 74 украински затвореници.

Меѓу затворениците предадени на Украина биле и таканаречните „киборг“ војници.

Ова е прекарот што Украинците им го дадоа на војниците кои го бранеа аеродромот во Доњецк во една од најинтензивните битки на конфликтот во 2014 година.

Ослободените украински затвореници од градот Бакхмут во Доњецк со хеликоптери беа префрлени на меѓународниот аеродром во Киев каде што беа пречекани од украинскиот претседател Петро Порошенко:

„Ние ќе направиме се што можеме, ќе го дадеме максимумот, во извлекувањето на нашите најмили, роднини, нашите најблиски, што е можно поскоро. Ова е многу важно“.

Еден од ослободените Олексеј, кој две години и два месеца беше во затвор, на аеродромот во Киев изјави дека се уште не може да поверува во она што му се случува:

„Не можам да поверувам. Во исто време можам и не можам да верувам дека изутрината сè уште бевме таму, а сега сме дома. Сакам да им кажам благодарам на сите роднини и на сите кои учествуваа во нашето ослободување и сакам да кажам дека наши момци се уште се таму и тие треба да бидат спасени“.

Се очекува во идната година да бидат разменети повеќе затвореници.

размена на заробеници сепаратисти Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.