Рафинеријата во Рјазан, која произведува повеќе од 17,1 милион тони нафта годишно, постојано е цел на напади поради нејзината улога во снабдувањето на руската воена машинерија.
Украинската војска ноќеска изврши голем напад со дронови врз воена и енергетска инфраструктура во повеќе региони на Русија, објави „Кијив индипендент“.
Фотографии и видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат огромен пожар што избувнал во рафинеријата за нафта во Рјазан, по украински напад. Големи облаци чад се гледаат над градот и во утринските часови по нападот.
Жители на градот Рјазан пријавиле дека виделе неколку дронови како летаат над областа, пред да слушнат повеќе силни експлозии во реонот на рафинеријата.
На други места во Русија и на украинските територии окупирани од Русија, нападите со дронови погодиле авион „Бериев Б-200 Алтаир“ и хеликоптер „Ка-27“ во рускиот град Јејск, како и систем за противвоздушна одбрана „Топ-М2“ во окупираната Луганска област и систем „Панцир-С1“ во окупираниот Крим, соопштија украинските Сили за беспилотни системи во петокот.
Рјазан се наоѓа на околу 450 километри од североисточната граница на Украина со Русија, долж Сумската Област и на околу 180 километри југоисточно од Москва.
„




