Во текот на изминатите 24 часа, борбените операции на украинскиот фронт се интензивираа по неколку правци, при што експлозии и прекини на електричната енергија се случија во неколку региони на земјата, вклучително и во главниот град.
Во текот на ноќта и раните утрински часови на 26 февруари, експлозии се слушнаа во неколку украински градови. Телевизиски украински канал, повикувајќи се на исказите на очевидци, објави дека детонации се слушнале во Кијив, Одеса, Харков и Полтава, како и во Черниговската и Сумската област на северот од земјата.
Една од експлозиите во Кијив била поврзана со пожар во трансформатор, поточно во трафостаница во областа Дњепарк. Како што јавуваат медиумите утрово, сирената за воздушен напад повторно се огласила во Кијив, пренесуваат регионалните медиуми.




