Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина реагира: Не е наше леталото што се урна во Загреб!

0
By НОВА ТВ Balaban on March 11, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
FOTO Jutarnji.hr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватската Влада е на нозе по синоќешниот пад на леталото кај Студентскиот дом кај Јарун крај Загреб. Вонредни прес-конференции, како што објавивме, предмалку  одржаа претседателот и врховниот командант на вооружените сили, Зоран Милановиќ, министерот за одбрана Марио Баножиќ, а до јавноста од Париз се обрати и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Маркијан Лубкoвски, советник на украинскиот министер за одбрана, за Јутарњи.хр изјави дека леталото што се урна во Загреб не е украинско.

Тој  решително го отфрли тоа и додаде дека се очекува и официјално соопштение од украинското Министерство за надворешни работи, во соработка со Генералштабот на украинската армија.

Лубковски побара од хрватските партнери да спроведат истрага за да се открие кому му припаѓа авионот и како може да се најде над Загреб и да падне во Загреб.

Хрватската Влада е на нозе по синоќешниот пад на леталото кај Студентскиот дом кај Јарун крај Загреб. Вонредни прес-конференции, како што објавивме, предмалку  одржаа претседателот и врховниот командант на вооружените сили, Зоран Милановиќ, министерот за одбрана Марио Баножиќ, а до јавноста од Париз се обрати и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Министерот Баножиќ денеска на вонредната прес-конференција ги обелодени  деталите за падот на дронот на загрепски Јарун ноќеска по 23 часот. Предмет кој паднал од небо, на патот покрај Стара Сава, направил кратер широк три метри и длабок еден метар.

– Го затворивме целиот простор, реагираше и воената полиција. Соработуваме со НАТО и соседните земји. Со оваа цел утрово се упативме во два правци. Истрагата за криминалот продолжува, имаме некои податоци кои треба да ги потврдиме. Прашањето е цел на авионот – рече Баножиќ.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска во Париз изјави дека според досегашните информации, беспилотното летало што се урна синоќа во Загреб е од руско производство, но не се знае дали го поседува руската или украинската армија.

Како што претходно пренесовме, сите надлежни служби во Хрватска веднаш биле вклучени по падот на беспилотен авион од воен тип, кој според  досегашните податоци, навлегол во хрватскиот воздушен простор од исток кон запад или од унгарскиот воздушен простор со брзина од 700 км/ч на височина од 1300м. 

 

 

Загреб Леталото Маркијан Лубкoвски Не е наше се урна Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.