Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина собори 35 беспилотни летала над Киев

0
By Соња Крамарска on May 8, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинската воздушна одбрана собори 35 беспилотни летала од иранско производство над Киев во последниот ноќен напад на Русија, додека во нападите низ Украина од страна на силите на Кремљ загинаа четворица цивили, соопштија денес официјални лица.

Бомбардирањата се случија кога Москва воведе засилени безбедносни мерки во пресрет на традиционалните комеморации на Црвениот плоштад по повод поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.

Руските медиуми пребројаа најмалку 21 руски град кои ги откажаа воените паради – основната прослава на Денот на победата низ Русија – на 9 мај за прв пат по многу години. Регионалните официјални лица наведоа „безбедносна загриженост“ или нејасно се осврнаа на „актуелната ситуација“.

Парадите ќе се одржат во најголемите градови во Русија, Москва и Санкт Петербург. Но, употребата на дронови е забранета во двата града пред Денот на победата. Во Санкт Петербург, кој често се нарекува „северна Венеција“ поради својата мрежа од реки и канали, употребата на џет скии во одредени делови од градот исто така е забранета до 10 мај. Во руската престолнина, услугите за рентање автомобили се привремено забрането од и кон центарот на градот.

Пет лица во главниот град се повредени од паѓање на остатоци од дрон, изјави Серхи Попко, шеф на градската воена управа на Киев. Алармите за воздушен напад се огласуваа повеќе од три часа во текот на ноќта.

Соочена со економски санкции и ограничувања на синџирите на снабдување поради инвазијата на Украина, Русија се сврте кон иранските беспилотни летала Шахед за да ја зајакне својата огнена моќ.

Во руското гранатирање врз 127 цели низ северниот, јужниот и источниот дел на Украина загинаа тројца цивили, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Силите на Кремљ користеле тенкови, беспилотни летала, минофрлачи, воени авиони, повеќе ракетни фрлачи и ракети земја-воздух за да ја бомбардираат Украина, се вели во извештајот.

Руските бомбардери со долг дострел лансираа до осум крстаречки ракети во јужниот украински регион Одеса, соопштија властите. Едно лице загина, а тројца се ранети.

Мета на проектилите биле индустриската зона во градот и не предизвикале жртви, рече регионалниот гувернер на Доњецк Петро Кириленко во објава на Телеграм.

И во Украина, 9 мај е нормално празник, но не и оваа година, поради војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека испратил нацрт-закон до парламентот со кој се предлага 8 Мај да биде Ден на сеќавање и победа над нацизмот во Втората светска војна а 9 Мај д а биде и Ден на Европа на 9 мај, дополнително оддалечувајќи го Киев од Москва.

Дронови Кремљ Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.