Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинската амбасадорка Дир за #ТоплинаЗаУкраина: Генератор за Буча и топли ќебиња за жителите на прифронтовската Сумска област

0
By Zoran Ivanov on February 14, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 14, 2026 10:45

Во порака споделена на социјалните мрежи, амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, изрази благодарност и поддршка за иницијативата #ТоплинаЗаУкраина, нагласувајќи ја важноста на солидарноста во еден од најтешките периоди од војната.

„Благодарение на донациите на претставниците на Собранието на РСМ, дипломатскиот кор и граѓаните, Амбасадата на Украина, во рамки на кампањата #WarmthForUkraine со Caritas и @CivilMacedonia, обезбеди генератор за Буча и топли ќебиња за жителите на прифронтовската Сумска област. Ја цениме помошта!“ – напиша амбасадорката Дир.

Иницијативата #ТоплинаЗаУкраина има за цел да обезбеди итна помош, вклучувајќи генератори за струја, опрема за греење и зимска опрема за заедниците погодени од руската агресија врз Украина. Поради континуираните напади врз цивилната инфраструктура, милиони луѓе и понатаму се соочуваат со недостиг од електрична енергија и екстремно ниски температури.

Минатиот месец, ЦИВИЛ – Центар за слобода, во координација со Амбасадата на Украина, по јавниот апел на министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига ги повика сите хумани луѓе да се приклучат на хуманитарната акција #ТоплинаЗаУкраина за прибирање средства и агрегати за снабдување со електрична енергија за домаќинствата, училиштата и болниците во земјата.

Организаторите на акцијата потенцираат дека потребите се и понатаму големи и итни. Затоа, на самиот почеток на акцијата #ТоплинаЗаУкраина, се приклучи хуманитарната организација Каритас и отвори сметка за донации каде што може да се донираат средства.

„Ова не е само хуманитарен гест – ова е став на достоинство, човечност и отпор кон уништувањето“, порачуваат од ЦИВИЛ, упатувајќи повик „до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа благородна акција за спас на човечки животи.“

Додека Украина продолжува да ја брани својата слобода и демократска иднина, иницијативи како #ТоплинаЗаУкраина претставуваат важен мост на солидарност меѓу граѓанките и граѓаните на Европа кои директно ги трпат последиците од војната, велат од ЦИВИЛ.

„Во време кога студот се користи како оружје против цивилите, секој чин на топлина е чин на отпор“, објави ЦИВИЛ на социјалните мрежи.

Од организацијата нагласуваат дека континуираната соработка со Амбасадата на Украина, како и личната посветеност на амбасадорката Лариса Дир, имаат клучна улога во координацијата и видливоста на акцијата #ТоплинаЗаУкраина. Нивната поддршка, велат организаторите, е силен поттик за солидарноста што се шири и дополнителна гаранција дека помошта ќе стигне таму каде што е најпотребна – до луѓето кои се соочуваат со суровите последици од воената агресија и претворањето на студот во смртоносно оружје.

Извор: ЦицилМедиа

 

генератрори Лариса Украина Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 19, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

ВЕСТИ April 19, 2026

Неколку престижни бугарски агенции за испитување на јавното мислење и за следење на изборите објавија…

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.