Published: Saturday, July 18, 2026 19:44
Најмалку седум лица загинаа, а 50-тина се повредени во напад со украински дронови во рускиот регион Тамбов. Нападнато е и складиште за нафта во поширокиот московски регион.
Зеленски соопшти дека биле погодени логистички објекти што Русија ги користела за снабдување со делови за производство на дронови и навигациска опрема, a нанесена била штета и на неколку бродови.
Руските власти го потврдија бројот на жртви без да изнесат повеќе детали за претрпените штети.




