Во понеделникот, уште една експлозија го потресе рускиот нафтовод „Дружба“, потврдија извори од украинското воено разузнавање (ХУР) за „Киев пост“. Нападот наводно се случил во близина на селото Казински Виселки на делницата Таганрог-Липецк од нафтоводот, а бил предизвикан од далечински активирана експлозивна направа, објави „Кији пост“.
Службеник на ХУР, запознаен со операцијата, објасни дека уредот бил опремен и со запаливи смеси за интензивирање на пожарот. Кратко по силната експлозија, локалните жители пријавиле блесоци на светлина, а за неколку минути, видеа и пораки се појавија на регионалните социјални мрежи.
Нафтоводот „Дружба“, еден од најголемите во светот, е клучен за транспорт на руска сурова нафта до неколку земји од Европската Унија. И покрај санкциите, делови од нафтоводот остануваат оперативни, дозволувајќи ѝ на Москва да генерира милијарди приходи за да ја поддржи својата воена кампања во Украина.




