Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украински дронови удрија 600 километри длабоко во Русија – во пламен база со стратешки бомбардери и рафинерија

0
By Zoran Ivanov on August 2, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 2, 2026 13:52

Украинските сили ноќеска ја нападнаа руската воздухопловна база во Енгелс и рафинерија за нафта во Саратовската Област, потврди Генералштабот на Украина по претходните информации од каналите што ги следат воените дејства.

Украинската војска соопшти дека погодила „цел“ во руската воздухопловна база Енгелс, при што избувнал пожар, но не прецизираше што точно било погодено. Во базата се стационирани стратешките бомбардери Ту-95МС и Ту-160, кои Москва ги користи за ракетни напади врз Украина.

Пожар наводно избувнал и во рафинерија во блискиот руски град Саратов, откако објектот бил погоден со украински беспилотни летала. Генералштабот соопшти дека украинските сили го погодиле и складиштето за нафта „Људиновскаја“ во Калушката Област.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги потврди нападите во објава на социјалната мрежа „Икс“.

Рафинеријата во Саратов е една од најголемите во рускиот регион Поволжје. Таа годишно преработува околу седум милиони тони сурова нафта и го поддржува рускиот воено-индустриски комплекс.

Според гувернерот на Саратовска Област, Роман Бусаргин, во нападите загинале двајца, а била оштетена цивилна инфраструктура во двата града. Украинската војска не ги коментираше овие тврдења.

Генералштабот пријави и напад врз руски објект за беспилотни летала во близина на Навља, во Брјанска Област, кој се користел за складирање, подготовка и лансирање дронови.

Во местото Новосемејкино, во Самарска Област, избувнал пожар во магацин на компанијата „Вајлдберис“, откако објектот бил погоден, објави рускиот телеграм-канал „Егзиленова плус“.

Гувернерот на Самарска Област, Вјачеслав Федоришчев, соопшти дека воздушниот простор над регионот бил затворен поради опасност од напад со беспилотни летала.

Украина во последните недели ги засили нападите врз руски логистички, нафтени и воени објекти, меѓу кои центри на „Вајлдберис“, рафинерии и фабрики.

Киев тврди дека целта е слабеење на руските воени капацитети. Паралелно, Москва продолжува да напаѓа украински градови и цивилна инфраструктура, при што има загинати и повредени.

 

нападна Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.