Published: Tuesday, July 14, 2026 22:33
„Умот во комуникацијата“ е дело, спој на искуство, наука и литература на авторскиот тандем д-р Арбен Таравари, невролог, и д-р Марина Тунева Шопоска, комуниколог.
Тематската симбиоза на неврологијата и комуникологијата, двајцата афирмирани, секој во својата област, во „Умот во комуникацијата“, како што на корицата забележале и авторите, не` упатуваат ,,да погледнеме и под површината на зборовите, таму каде што се формираат ставовите и каде што започнува секое влијание“.
Книгата на Таравари и Тунева Шопоска, веќе е достапна во книжарниците на „Просветно дело“, издавачката куќа на „Умот во комуникацијата“.




