Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарска опозиција: Посебниот третман на Груевски е незаконски

0
By Нова ТВ on November 19, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Index.hu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 19, 2018 15:17

Опозицијата во Националниот парламент Унгарија ја доведе во прашање политиката на азил на власта поради аферата со бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој се бара со меѓународна потерница за издржување на двегодишната затворска казна.

-Унгарската Влада се откажа од политиката за азил, прифаќајки бегалец, обвини Адам Миркошки од опозициското движење за подобра Унгарија – Јобик, кое е втора политичка сила во Парламентот, објави „Index.hu“.

Тој воедно прашува и каква улога имале унгарските власти во однос на преминувањето на границите, како и кое министерство, кој и по чија наредба било постапувано во случајот со Груевски.

Државниот секретар во канцеларијата на премиерот Виктор Орбан, Балаш Орбан, пак, одговори дека поранешниот македонски премиер Груевски поднел барање за азил, без да наведе во која земја го доставил барањето и дека унгарските власти не биле инволвирани во неговото бегство од Македонија, а барањето било прифатено за разгледување од „безбедносни причини“.

– Правилата на граничните процедури не мора да бидат применети на лица со посебен третман, вели Балаш Орбан.

Со тоа, според унгарските медиуми се потврдува специјалниот третман кој го има Груевски од властите, кои велат дека тоа му е овозможено затоа што бил премиер 10 години.

Коментирајќи ги условите во Законот за азил, Хелсиншкиот комитет на Унгарија на Фејсбук објави дел од законот каде стриктно се наведува кој има право на посебен третман: малолетно лице без придружба или ранлива група на луѓе – стари лица, лица со посебни потреби, бремени жени, самохрани родители со малолетни деца, жртви на тортура, лице кое е жртва на сексулано насилство или било која друга сериозна форма на психолошко, физичко насилство – чија индивидуална проценка на неговата или нејзината ситуација може да имплицира посебни потреби.

Како што пишува Хелсиншкиот комитет, образложението на Балаш Орбан е дека Никола Груевски е или дете или бремена жена или жртва на сексуално насилство.

Пратеникот Арато Гергели од Демократската коалиција, пак, меѓу другото прашува дали е вистина дека Груевски е сместен во некој од имотите на премиерот Орбан. На ова Шаба Домотор од канцеларијата на премиерот Орбан одговори дека „Груевски легално престојува во Унгарија“.

Од ЛМП – партијата, пак, иницирале формирање на парламентарна комисија за да ја истражи аферата со Груевски. Марта Деметр, копретседавач на партијата на денешната прес-конференција појаснила дека барањето е оправдано поради извештајот дека станува збор за случај со сериозни дипломатски и безбедносни ризици по Унгарија и значајно влијае врз угледот на земјата. Таа потврди дека од партијата поднеле и тужба за илегална миграција и барање до унгарското МНР да бидат објавени сите информации во врска со бегството на Груевски од Македонија во Унгарија.

Груевски опозиција посебен третман Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.