Унгарскиот спортист Жолт Синка со заби повлече тенк од типот Т-72 што е тежок преку 40 тони. Настанот од касарната на 25-та бригада „Ѓерѓ Клапка“, опремена со тенкови Т-72 и Леопард 2А4ХУ во живо го пренесуваа локалните телевизии.

Стоејќи пред тенкот, Жолт стави јаже во уста, го пристисна со забите и повлече и го помести тешкото воено возило.

Ова, сепак, не е најголемо достигнување на „унгарскиот Попај“. Жолт во 2013 година со заби повеќе и авион тежок 50 тони.