Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто кој ќе престојува во еднодневна работна посета на нашата земја.
Како што информираат од Министерството за надворешни работи, во фокус на разговорите ќе бидат севкупните билатерални и економско-трговски односи, како и актуелните политички случувања со акцент на последните заклучоци донесени на декемврискиот Совет за општи работи на Европската унија.