Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ: Ласовска повика на женско обединување, Мицкоски на одлука

0
By Нова ТВ on March 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ги нарече лавици и повика на масовно женско обединување во Македонија. Претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, Благица Ласовска од говорницата на 18. годишна Конференција изрази дека е горда на храбрите членки кои се преку 50.000 на број, но и на мрежата од 75 општински комитети што години наназад креирале политики, лансирале нови платформи, промовирале нови стратегии за родова еднаквост и за застапеноста на жените во политиката.

„Живееме во општество што е поделено и во кое едни мислат дека се високо качени и гледаат како се уништуваат други, а притоа се заборава дека тој другиот е нечиј пријател или негов подалечен роднина. Затоа ве повикувам на едно масовно женско обединување во Република Македонија. Во секоја од нас има една Параскева од драмите на Горан Стефановски, една Велика од Петре М. Андреевски, една Арбулика од Чинго или Магде од Чашуле. Мислите дека не може да кренеме женско востание или да направиме женска револуција? – Но, не. Наша револуција е љубовта, разбирањето и стремежот за подобро утре за нашите деца“, рече Ласовска.

Мицкоски: Мора да одберете страна, да одлучите, да излезете и да гласате

Пред членството на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ свое обраќање имаше и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Најмногу место во неговиот говор зафати актуелната политичка состојба во државата, владеењет на СДСМ, за „заевизмот“, а на претстојните претседателски избори гледа еден вид на референдум за изразување на волјата на народот.

„Време е да се слушне вашиот глас во политиката. Сега е момент во кој мора да се определи секој од вас. Не е доволно да стоите пред малите екрани и да бидете само огорчени поради лошата реалност. Мора да одберете страна, да одлучите, да излезете и да гласате. Или ќе гласате против сето ова што се случува или ќе одбиете да влијаете на работите што стануваат се полоши. А тоа зависи од вас. Или сте со нас и заедно ќе се бориме или ќе одобрите неправдата да стане закон. Да не ги повторуваме грешките од минатото во кое предупредувавме како партија дека со оваа власт ја губиме Македонија“, рече Мицкоски меѓудругото.

На 18. годишна Конференција на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ беше и претседателскиот кандидат на партијата, Гордана Силјановска-Давкова.

Благица Ласовска ВМРО ДПМНЕ конференција Унија на жени Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.