Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНИЦЕФ: Децата бегалци во опасност од смрт од студеното време

0
By Нова ТВ on January 20, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 20, 2017 13:30

На децата бегалци и мигранти им се закануваат респираторни и други сериозни болести дури и смрт од хипотермија од екстремниот студ и невреме што беснеат низ Централна, Источна и Јужна Европа, соопштија денеска од УНИЦЕФ.

Во Грција и на Балканот, заглавени се околу 23.700 деца бегалци и мигранти  вклучувајќи и бебиња и новороденчиња, главно од Сирија, Ирак и Авганистан. Многу од нив се сместени во засолништа што се лошо опремени за зима, дури и кога температурите паѓаат под нулата.

Некои делови од Грција, особено островите, каде што илјадници бегалци се засолнети во излитени шатори, за првпат по многу години има обилни снежни врнежи. УНИЦЕФ ги повикува бегалците и мигрантите кои во моментов живеат во преполни и неоспособени кампови на островите да се преселат во посоодветно и побезбедно сместување на копното.

 „Без соодветно засолниште и топла облека, децата се во голема опасност од лошите временски услови. Бебињата и многу малите деца обично имаат помалку телесно масно ткиво за да ги изолира од студот, што ги прави поподложни на проблеми со дишењето и на потенцијално фатални вирусни и бактериски инфекции, како што се пневмонија и грип,“изјави Базил Родрикес, регионален здравствен советник на УНИЦЕФ за Централна и Источна Европа.

 Претрупаноста и лошата изолација ги прават засолништата особено нездрави и при налет на бранови од студ, овозможуваат брзо ширење на респираторните болести. Според СЗО, сезоната на грип во Европа е во тек.

 „Освен од студеното време, здравствените ризици со кои се соочуваат децата се последица од нивната тешка ситуација како бегалци и мигранти, жртви на неизвесност и застој во обработувањето на нивните барања за азил. Оваа состојба „ни на небо, ни на земја“ влијае врз здравјето на децата, уште повеќе зголемувајќи ја нивната мака“, рече Родрикес.

 УНИЦЕФ прави напори да им се помогне на жените и децата да бидат на топло во Хрватска, Србија, Словенија и поранешната југословенска Република Македонија.

 Во Бугарија, во прифатните центри од УНИЦЕФ обезбедиле комплетна зимска облека за 500 деца. Од крајот на 2015-2016 година, центрите за поддршка на децата и семејствата, просторите наменети за мајки и бебиња беа трансформирани од почетните лесни конструкции во зимски опремени и загреани монтажни градби или беа преселени во цврсти градби. Исто така, им се дели зимска облека и други основни производи за жените и децата, користејќи мобилни тимови во некои места, сооштуваат од УНИЦЕФ.

бегалци деца студ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.