Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Упатство за гласање на избори

0
By Нова ТВ on August 24, 2016 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Стево Пендаровски

На маргините на балканскиот резон за американските избори, по инерција се оддржува во живот тн. дебата за релевантноста на тамошните кандидати за малите држави на европскиот југ. Во тие рамки се зачудувачки витални фразите дека републиканците се домаќини, а демократите премногу либерални и „обоени“.

Овие стереотипи преведени во регионалните транзициски  модели се историски непрецизни, но, конечни: во време на демократите, ЦИА ја растури Југославија, истата партија ја бомбардираше Србија, прва го постави фундаментот за идните нови држави Црна Гора и Косово, дури и нашата 2001 беше подготвена во периодот на транзиција меѓу Клинтон и Буш.

Плус, Грците се диспропорционално распоредени кај демократите, а Сорос е нивен долгогодишен финансиер. И кога денес демократски кандидат е сопругата на претседателот кој има булевар и споменик во Приштина, јасен е предлогот на локалните патриоти дека од таа опција треба да се бега, иако вработени во нашето МНР во време на владата на вистинското ВМРО- ДПМНЕсе качуваа на маса да ја видат таа жена.

По 2008-та и декларацијата за независност на Косово САД де факто го напуштија регионот со дефинирање на границите за следните неколку декади. Тоа што ЕУ е културна и дезорганизирана во менаџирање на балканските работи не ги натера САД да се вратат назад затоа што регионот, наспроти нечии перцепции, не е приоритетен ниту за Русија и Кина.

Затоа ние, пред американските избори, не сме присутни ниту на програмската периферија кај двете главни партии. Сепак, заради индиректните ефекти врз нас и светот нема да биде лошо да разбереме нешто и за републиканската алтернатива за председател откако за демократската веќе “знаеме” дека е купена од албанското лоби.

Во март годинава, близу 150 републикански стратези во областа на надворешните работи и безбедноста, буквално кремот на американските конзервативци, напишаа отворено писмо во кое го понижија Трамп.

Тоа е главната причина зошто и покрај повеќекратните најави Трамп сѐ уште не го објави својот надворешно-политички тим, додека, во неформалниот круг се споменуваатдури и типови кои во својата биографија напишале дека учествувале на меѓународни конференции!? Во негова близина го неманиту гуруто на меѓународната политика Кисинџер кој е личен пријател со Хилари Клинтон, а не со најновиот член на неговата партија.

Меѓу потписниците на писмото, од нам познатите, се наоѓа Роберт Кејган чија сопруга е автор на договорот од  Пржино, како и заборавениот Ренди Шонеман кој заедно со Брус Џексон како лобисти не донесоа пред вратата на НАТО.

Оние кои не живеат во Македонија, а сакаат да видат што се случува кога политички неписмени луѓе сакаат власт, треба да ги прочитаат транскриптите од средбата на Трамп со уредниците на Вашингтон Пост.

Според неговата анализа, причина за пропаѓањето на САД е нивната “предвидливост” и дека наместо тоа, неговиот клучен надворешен политички принцип ќе биде тоталната непредвидливост?! Во однос на НАТО е порадикален од Ердоган – вели ако европските сојузници не вложуваат доволно во одбраната нема да важи фундаментот на Вашингтонскиот договор дека нападот врз една земја- членка е напад врз сите.

При тоа, не е јасно дали знае дека во Европа сѐ уште има 40.000 американски војници, и поважно – дали знае зошто се тие тука без прекин од Втората светска војна. И,како капак на сѐ – Трамп е дедицно против промовирање на демократските вредности во светот затоа што било поважно да се обнови едно училиште во Бронкс отколку едно во Ирак.

Интересно, при тоа,  воопшто не се буни што бензинот во Нујорк е 35 денари за литар, а во Бронкс оди само за да гледа голф на своите терени.Логично, кај Трамп нема буквално ништо за Балканот, освен неговата последна сопруга.

Патем, паролата на Шешељ дека гласот за Трамп е наводно глас за Србија или Русија е политичко шарлатанство кое доаѓа од човек кој во раните 1990-ти имал 70.000 долари на штедна книшка  во Сити банк, главната банка на својот непријател.

Сериозна држава каква што, за жал, Македонија не е, сериозно би ги анализирала и луѓето на “отпишаната” страна за да има каде да се јави во случај на нивна победа која во овој момент изгледа извесна.

Имено, еден од главните советници на демократскиот кандидат е Џејк Саливен за кого инсајдери тврдат дека во сферата на надворешната политика никој од него немал поголемо влијание врз Хилари Клинтон во изминативе 12 години. Момчето како студент на Јејл бил под менторство на стариот пријател на Македонија, Строуб Талбот.

Меѓутоа, пријателите на Талбот во Скопје се, за жал,  или починати или властите воопшто ги немаат контактирано затоа што и не знаат за кого станува збор.

Сѐ на сѐ, јасно е зошто Трамп им е близок  на локалниве трампови. Сите тие ја разбираат политиката само како дејност во која се заработуваат големи пари за време на мандатите кои им траат по илјада години. Од поплава до поплава.

Доналд Трамп САД Стево Пендаровски Хилари Клинтон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.