Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УПОЗ: Притисоци врз судската администрација, протест в среда

0
By Нова ТВ on May 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 30, 2016 15:58

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи (УПОЗ) соопшти дека судската администрација која девет дена е во штрајк се соочува со притисоци.  Оттаму тврдат дека претседателот на Судскиот буџетски совет на претседателите на судовите им беше наложено, веднаш да достават списоци за тоа кои вработени штрајкуваат.

Од УПОЗ најавуваат дека и покрај притисоците штрајкот продолжува, а во среда членовите од Синдикатот од судовите во Скопје ќе протестираат пред Министерствето за правда. Тие заедно со Здружението за судска администрација бараат решение од власта за исполнување на барањето за добивање и исплата на додатоци на плата во висина од 35% за судската администрација.

„За Синдикатот ова е обид да се направи поделба на вработените и да се заплашат дека доколку и натаму продолжат со штрајкот ќе добијат само 60% од платата. Но ваквиот притисок уште повеќе ги тера да истраат во борбата за остварување на главните барања од штрајкот, зголемување на додатоците на плата и измена на Законот за судска служба.

Синдикатот на УПОЗ е изненаден од ваквиот нов однос на Судскиот буџетски совет кој веројатно уште еднаш сака да бидат казнети судските службеници – првпат беа казнети кога надлежните не предвидоа зголемување на додатоците на плата и сега со евентуално намалување на нивата плата. Изгледа дека надлежните не знаат дека 70% од вработените во судовите земаат плата под просекот во Р. Македонија. Затоа, доколку надлежните од судската власт решат да ја спроведат ваквата одлука, ќе ги доведат вработените во судовите во уште потешка социјална и економска состојба.

Судската власт мора да разбере дека штрајкот кој е во тек е резултат на нивниот нееднаков третман на судската служба и на игнорантскиот однос спрема Синдикатот и вработените во судовите. Вината за организирање на штрајкот е кај нив и доколку вработените во судовите бидат казнети со задршка на 40% од нивните плати, само ќе докажат дека Министерството за правда и Судскиот совет се џелати на сопствените вработени.

Ова дотолку повеќе што Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација уште минатата недела доставија Предлог – спогодба по која доколку прифатеа да преговараат и ја потпишеа, штрајкот можеше да заврши веднаш.

Нека ваквите притисоци им служат на честа и совеста на надлежните, кои уште еднаш потврдија дека не знаат дека во судовите покрај судиите работат стручни и компетентни судски службеници. “ се вели во соопштението на УПОЗ.

судска администрација УПОЗ штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.