Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Управниот суд ја уважи тужбата на СДСМ: Ќе се прегласува во Теарце

1
By Нова ТВ on December 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 20, 2016 17:28

Управниот суд ја уважи тужбата поднесена од СДСМ за избирачкото место бр.2011 во општина Теарце и таму гласањето ќе биде повторено. Одлуката попладнево ја објави Судот на својата интернет страна и соопшти дека е донесена со мнозинство гласови.

Оваа одлука на Управниот суд е спротивна на одлуката на Државната изборна комисија, која пред два дена одлучи дека жалбата на СДСМ за нерегуларности на тоа избирачко место е неоснована.

Во образложенито на одлуката на Управниот суд пишува дека тужбата е основана.

„Од увидот во списите по предметот и прибавениот целокупен доверлив изборен материјал, Судот утврди дека недостасува образец 15, дека гласачкото ливче со сериски број 1534020 било откинато со  перфорираниот дел од кочанот, и дека избирачкиот одбор за оваа состојба ја известил Општинската изборна комисија, која дошла на избирачко место 2011,  за овој настан не бил составен записник но бил евидентиран во Дневникот за евиденција на настани, поради што оцени дека се направени суштествени повреди на Изборниот законик. Само постапка спроведена по строгите изборни правила, гарантира законит изборен процес, па во таа смисла недозволиво е во доверливиот изборен материјал да недостастасува записник, кој претставува доказ од кој единствено може да се утврди во каква состојба бил изборниот материјал, пред почетокот на гласањето на избирачкото место 2011“, пишува во одлуката на Управниот суд.

Судот уште додава дека ДИК направил неправилности при постапување по жалбата на СДСМ, односно дека приговотот на СДСМ го одбила со 4 гласа „за“ и 4 „против“, а членот Субхи Јакупи пред почетокот на гласањето ја напуштил просторијата и воопшто не гласал.

„Судот наоѓа дека од формално правен карактер не постои законска претпоставка за донесување на предметната одлука, ова од причини што  деветиот член на ДИК – Субхи Јакупи, и покрај неговото учество во материјалната расправа по предметниот приговор, не може да се смета како воздржан глас бидејќи ја напуштил просторијата пред почетокот на гласањето, со изговор „се изземам од гласањето, што е спротивно на Изборниот законик“, пишува Управниот суд.

Според приговорот на СДСМ, се работи за наводно изнесено гласачко ливче со кое бил спроведен т.н. „бугарски воз“.На почетокот на гласањето недостигало гласачко ливче со сериски број, а по пребројувањето тоа ливче е најдено во кутијата.

Членовите на избирачкиот одбор и на општинската изборна комисија два пати беа носени пред членовите на ДИК.

гласање Дик Избори 2016 Управен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.