НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Управниот суд одлучува дали ќе има прегласување

0
By Нова ТВ on December 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заврши рокот за поднесување тужби до Управниот суд за одлуките на Државната изборна комисија во врска со изборниот процес и гласањето од 11 декември.

Рокот за поднесување жалби за одбиените преговори на Беса и на СДСМ истече синоќа во 23 часот, а крајниот рок за обжалување на единствениот прифатен приговор за кој се правеше графолошко вештачење на гласач од Гостивар истече утрово во 7 часот.

Судот сега има рок од 48 часа по примањето на тужбите да одлучува по нив, а одлуката треба во рок од 24 часа да ја објави на веб-страницата.

СДСМ најави тека ќе поднесе четири тужби за во шестата изборна единица додека Беса се изјасни дека нема да се жали.

– Не им веруваме на судовите. Доколку поднесеме тужба, и Управниот суд ќе донесе политичка одлука каква што донесе ДИК, кога отфрли седум наши приговори. Ние веруваме дека ни се украдени два пратенички мандати, изјави Блерим Сејдиу од Беса.

Од ВМРО ДПМНЕ вчера преку соопштение информираа дека поднеле една тужба до Управниот суд за одлуката на ДИК да се уважи приговорот од БЕСА, за поништување на резултатите од гласањето во ИЕ 6 во Гостивар.

Лидерот на партијата, Никола Груевски, во остар и закануваќки говор во саботата пред ДИК најави дека нема да учествува во евентуалното прегласување и дека нема да ги признае изборните резултати.

По тужбите Управниот суд одлучува во совет од петмина судии, избрани по пат на ждрепка, на јавна седница, за која ги информира јавноста и овластените претставници по чии тужби се одлучува. Објавените одлуки на веб-страницата на ДИК, како што е наведено во роковникот на Комисијата, ќе го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно.

Државна изборна комисија жалби ИЗБОРИ2016 Управен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.