Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставен суд денеска ја одложи точката за прислушувањето

0
By Нова ТВ on March 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставните судии денеска ја одложија точката за разгледување на иницијативата за уставноста и законитоста на контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации, за една од наредните две седници.

Како што истакнаа судиите на денешната седница, причината за одложувањето е обемноста на материјалот кој бил предложен со иницијативата.

Со овој член од Законот донесен во 2014 година, на телекомуникациските оператори во Македонија им се наложи да ги обезбедат сите неопходни технички услови за следење на комуникациите во нивните мрежи.

Иницијативата за разгледување на уставноста и законитоста на овој член во Уставен е поднесена во 2015 година, односно истата година кога СДСМ почна со објавување на разговори од незаконското следење на комуникациите, односно т.н. „бомби“.

Иницијативата до Уставен суд е поднесена во 2015 година.

Во иницијативата оспорен е целиот член 175, односно сите 10 става од него.

Инаку, членот 175 од Законот за електронски комуникации (објавен во „Службен весник“ на 25 февруари 2014 година) вели дека операторите се должни да ги обезбедат техничките услови за следење на комуникациите во нивните мрежи, во согласност со Законот за следење на комуникациите.

Иницијативата за укинување на овој член е граѓанска, а подносителите се повикуваа на одлука на Уставниот суд од 2010 година, во која одредбите од законот кои овозможуваат непречен, директен и неконтролиран пристап до телекомуникациските мрежи на овластени органи, според подносителите не со во согласност со Уставот и меѓународните прописи, кои се однесуваат на заштита на правата на граѓаните.

 

Закон за следење на комуникациите Иницијатива прислушување Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.