Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставниот суд одлучи: Секој работник мора да добива минимална плата

0
By Нова ТВ on May 10, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката на Уставниот суд со која се укина нормираниот учинок за исплата на минималната плата, значи дека газдите повеќе нема да можат да го избегнуваат плаќањето на минималецот. Од „Гласен текстилец“, кои ги застапуваат правата на работниците, велат дека со оваа одлука очекуваат секој работник да добие по 12.000 денари минимална плата.

Одлуката на Уставниот суд влегува на сила кога ќе биде објавена во Службен весник.

„Уставниот суд на Република Македонија по повод иницијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија на седница одржана на 18 април 2018 год со Одлука У. Бр. 133/2017-1 ги укина член 2 став 1 во делот: „и исполнет нормиран учинок“ и ставовите 2, 3 и 4 и член 7-б ставови 1 и 3 од Законот за минимална плата во Република Македонија“, соопштија од ССМ.

Со ова се укина одредбата од Законот за минимална плата во која беше наведено дека работодавачот е должен да му исплати на работникот најнизок месечен износ на основна плата, која според законските одредби не зависи само од извршената работа во полно работно време, туку и од исполнетиот нормиран учинок, кој го утврдува работодавачот.

Според работниците, газдите ја користеа оваа одредба за да не исплатат минималната плата – дури 50 проценти од работниците кои се согласиле да одговорат на анкетата од „Гласен текстилец“ рекле дека во нивната фирма е утврден учинок односно норма.

Во ова истражување направено кон крајот на март, една третина од работниците кои се согласиле да зборуваат во анкетата, рекле дека не ја добиле минимална плата, а 40 проценти  изјавиле дека работното време им е зголемено.

„Платата достигна 12.000 денари, ама работното време е двојно зголемено. Од нас се бара невозможното. Здравјето ни го зедоа“, изјавила работничка која работи во текстилна фабрика на странски газда во Битола.

„Работниците се присилени да ја враќаат разликата помеѓу минималната плата и заработената плата (број на работни часови и плата за работен час) кај сопственикот на фирмата на рака“, вели работник од фабрика во Куманово . И работник од фирма во Кратово вели дека платата не е им е покачена.

Кристина Ампева од „Гласност“ вели брзата одлука на Уставниот суд која дури и нив ги изненадила им дава законска сигурност на работниците.

„Работниците сега треба да знаат дека Законот ги штити и дека мора да им биде исплатена минимална плата од 12 000 денари“, вели Ампева која ги охрабрува работниците да ги пријавуваат сите прекршувања на работничките права.

„ Работничките права посебно во текстилните фабрики се прекршуваат и за празници, викенди кога работниците работат, а не им се плаќа. Исто така не се евидентира ниту прекувремено работење“,  вели таа.

Ампева бара поголем ангажман од трудовата инспекција за да се имплементира одлуката на Уставниот суд за исплата на минималната плата но и да се спречат прекршувањата на работничките права.

 

 

 

 

Ампева минимална плата работнички права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.