Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставниот суд паузира со седници до септември

0
By Нова ТВ on July 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 14, 2016 09:14

Уставниот суд на Република Македонија денеска ќе ја одржи последната седница пред летните одмори. На дневен ред нема иницијативи, туку  само текстови на нацрт-решенија што ги донел судот, а уставните судии продолжуваат со работа во септември.

Ова значи дека приврзаниците на Шарената револуција и опозицијата, чие приоритетно барање е Судот да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за што следуваа низа протести и герила акции, за одлуката на Уставен ќе треба да почекаат до септември, а можеби и подолго, со оглед на тоа што Судот одбива да соопшти кога Иницијативата за СЈО би се нашла на дневен ред.

Од Шарената револуција за летниот период најавија различни форми на притисок, а пратеничката група на СДСМ се уште е со замрзнати активности во Собранието. Засега ниту демонстрантите ниту опозицијата ги немаат прецизирано понатамошните чекори.

Од Уставниот суд иако не веруваат, не ја исклучуваат можноста од вонредна седница во текот на август.

-Таков случај немало во 50 години постоење на Уставниот суд, но ништо не можам да кажам со сигурност. Судот ги определува предметите како што сака и како што смета дека треба и досега никој не се мешал во неговата работа. Никогаш немало вакви притисоци како сега, ќе дојде ред на сите Иницијативи да се разгледаат, вели за НОВА портпаролката на Судот Оливера Филиповска.

Иницијативата со која се оспорува Специјалното обвинителство ја поднесоа претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров и Томе Тодоровски , адвокат од Свети Николе.

За нив е спорно што со донесувањето на Законот, постојаното Јавно обвинителство не е веќе ,,единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела, туку со закон е воведен специјален јавен обвинител кој работи врз основа на овластувања што ги нема во Уставот.

Тоа според нив создава ситуација за одреден сегмент на кривични дела да бидат оневозможени и блокирани надлежноста, работата и функционирањето на Јавното Обвинителство.

Се оспорува и делот кој се однесува на организацијата и начинот на функционирањето на специјалниот јавен обвинител како и траењето на мандатот од 4 години.

Од СЈО досега повеќепати се изјаснија дека Законот не е спорен и дека како Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите постапува согласно Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и дека тоа е во согласност со Уставот и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот и законите во Република Македонија.

Одговор од септември па натаму ќе може да очекува и струшкиот градоначалник Зијадин Села, кој бараше да се преиспита одлуката за поставување 55. метарски крст во општина Бутел – за која Села тврди дека не е во согласност со Бадинтеровиот принцип.

#Шарена револуција СЈО Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.