Владата во петок вечерта усвои предлог ребаланс за буџетот за 2016 година поради пад на проекцијата за раст на БДП од 4 на 2,6 проценти. На прес конференцијта во владата министерот за финансии Кирил Миновски смируваше дека, сепак, пари за плати, пензии и социјални трансфери ќе има и дека од капиталните проекти не се отстапува.
Ќе се намалат и приходите на буџетот за три милијарди денари, а расходите, односно трошењето ќе се намали за 804 милиони денари.
Буџетскиот дефицит се зголемува од 3,2 на 3,6 проценти од БДП и ќе изнесува 2,1 милијарди денари.
Миновски иако не одговори конкретно на новинарското прашање дали ќе се издава еврообврзницата, сепак сугерираше дека тоа е многу веројатно сценарио. Тој рече дека на тој начин ќе се сервисирале заостанатите обврски по основ на доспеани кредити и обврзници.
Предлогот на Владата за ребаланс вечерва ќе биде доставен до Собранието.