Јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје информира дека утре (среда) без вода ќе бидат корисниците на улиците „376“, „Самоилова“, „Банатска“, потоа Американската Амбасада, Турската Амбасада и „Јоаким Крчкоски.

Причина за прекин на водоснабдувањето е уличен дефект на булевар „Македонско Косовска Бригада“ бб кај Стовариштето.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.