Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре вонредна седница на Ректорската Управа, Пленумци на собир во УКИМ

0
By Нова ТВ on July 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 3, 2016 10:23

Студентите најавија собир пред Ректоратот на Универзитетот „Кирил и Методиј“  утре изутрина, за кога е закажана вонредна седница на Ректорската управа.

Вонредната седница доаѓа по прозивките од страна на студентите дека Универзитетот, мора да ги осуди нелегалните избори за студентски претседател.

Во соопштението испратено од ректорот во заминување Велимир Стојковски се наведува дека во понеделник во 8 часот е закажана вонредна седница, а од Студентскиот парламент се бара итно детално објаснување за сите околности и случувања поврзани со студентските избори.

„ Длабоко сум загрижен од информациите кои беа објавени во медиумите за случувањата со студентските избори, кои беа под секое достоинство, како и употреба на полициски сили со оклопни возила во академски студентски избори. Поради тоа, упатувам апел до сите студенти, членови на СПУКМ, членови на Студентскиот пленум, членови на студентски иницијативи и други форми на организирање на студентите, за воздржаност од било какви активности кои дополнително би ја усложниле ситуацијата, што би можело да доведе до сериозни последици од повеќе аспекти“, вели Стојковски во соопштението испратено до јавноста.

Притоа се нагласува дека Универзитетскиот сенат на конститутивна седница одржана на 27 јуни формирал комисија за измена на Статутот на УКИМ во делот кој се однесува на студентското организирање.

Студентите велат дека очекуваат сите професори, членови на универзитетскиот Сенат едногласно да ги осудат изборите и да побараат одговорност од Студентскиот парламент.

Изборите за студентски лидер кои се случија вна 30. јуни се најконтроверзните досега.

Студентскиот Пленум во повеќе наврати алармираше дека Студентскиот Парламент спроведува нелегитимни избори, во сезона кога повеќето студенти се на студенската програма за патување и работа во странство или се вратени во своите градови надвор од Скопје.

На денот на изборите, ситуацијата кулминираше со пренесување на гласачки кутии од УКИМ до Студентскиот Парламент со трчање на организаторите и со обвинувања и бојкот од страна на Пленумците, кои до доцна ноќта бараа поништување на изборите пред Парламентот, а по нивните пријави за фалсификат, а за возврат МВР пред студентите ја извади единицата за брзо распоредување (ЕБР).

Сепак, и покрај реакциите, Студентскиот Парламент одлучи да спроведе избори, за кои писмено соопшти дека за нов лидер е избран Давор Поповски, кој освоил 3.851 гласови.

 

Студенти: Полицијата не тепаше, а ние стоевме со кренати раце

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.