Уште еден силен земјотрес утрово повторно ја потресе централна Италија. Според европската сеизмичка опсерваторија земјотресот во 6.40 часот по локално време бил со интензитет од 6,5 степени по Рихтер, што е најсилен од сите земјотреси кои во изминативе неколку месеци ја погодија Италија.

4

Епицентарот на земјотресот бил 68 километри источно од Перуџа, во истата област како и тој минатата недела, во длабочина од 1,5 километар, а се почувствувал и во Рим.

Медиумите во Италија јавуваат дека зградите кои минатата недела се тресеа и беа оштетени во земјотресот, сега се урнале.

Засега нема информации за жртви.

Последниот земјотрес е најсилен што ја погодил Италија од 1980 година.

2